СКА Минск жали што не влегле во СЕХА

СЕХА Гаспром, посебно последнава сезона се соочува со критики, дел издржани дел не, околу целиот проект, квалитетот и така натаму. Но, како обично е на овие простори, малку се цени тоа што се има, а неретко дури откако ќе се загуби станува јасно колкава е загубата. 

Од страна некогаш се гледа подобро, а од страна гледа екипата на СКА Минск, по банкротот на Динамо, најсилниот клуб од белоруската престолнина. 
Тие жалат што не успеале да влезат во СЕХА, велат тоа ќе ги направело посилен клуб. 

Павел Галкин, поранешниот извршен директор на Минск за белоруската „Трибина“ ја коментираше СЕХА.

„Штета е што не влеговме и ние во СЕХА. Сакавме, ама не успеавме да влеземе во таа лига. Ако тоа ни успееше работите ќе беа поинакви. Ќе игравме со противници со кои игра Мешков. Се должна почит, ама Балтичката лига не е на ниво на СЕХА. Сметам дека играчи какви што се Каралек и Кулеш тогаш ќе можеа да останат, ако го имавме тој сеха-лига ефект и во нашиот клуб“, изјави Галкин. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk