Гледајте денеска: Пешевски против седум медали од СП

Уште три натпревари остануваат од Ллигата на шампионите за да се комплетира 11 од вкупно 14 кола во Групната фаза на најелитното клупско натпреварување. 
Сите три натпревари се од групата „Б“ групата во која како македонски претставник го издвојуваме Жарко Пешевски, ракометарот на Мотор Запорожје. 
Тој денеска ќе си има работа со Флензбург, клуб за кој настапуваат седум играчи што играа во финалето на мундијалот. Тоа се златните Расмус Лауге, Ласе Сван, Андерс Закаријасен и Симон Јенсен и сребрените Магнус Род, Магнус Јондал и Горан Јоханесен. Флензбург го има и голманот на Норвешка, Торборн Баргеруд, но тој денеска не е во составот. 

Флензбург во ЛШ не игра со иста жештина како во Бундес лигата (20 победи од 20 меча) и тоа е шанса за Мотор денеска да се прослави. 

Сеха лигашот ППД Загреб го пречекува данскиот Скјерн, а би сакале да видиме и во каква состојба по СП е ПИК Сегед, според нас еден од кандидатите за Ф4 и потенцијална сензација во ЛШ. 



11. Коло:
РНЛ - Вардар 27-30 (12-16)
Монпеље - Мешков  29-23 (15-11)
Веспрем - Барса   29-26 (15-15)
Кристијанштад - Келце  33-34 (15-16)


11. коло
Денеска: 
Нант - ПСЖ  31-35 (15-18)
17:00  Целје - Пик Сегед
17:00  Мотор - Флензбург
17:00  ППД Загреб - Скјерн



Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk