Куртовиќ во Ѓер, Морк во Будуќност?

Распадот на Вардар и зголемениот буџет на француските клубови беше само првиот чекор кон менувањето на комплетниот изглед на екипите што во иднина ќе конкурираат за највисокото место на пиедесталот во Европа. 

На крајот на сезонава доаѓа големиот ремонт на ЧСМ Букурешт, а ништо помалку нема да заостане ниту бранителот на трофејот Ѓер. Амбициозни и тоа многу, стануваат и некогашните шампионки од Подгорица. 

Според наши извори, Норвежанката Аманда Куртовиќ, повредената леворака ракометарка на ЧСМ Букурешт веќе има постигнато договор со унгарскиот Ѓер и од лето се сели во Унгарија. 

Во спротивен правец би можела да пристигне Нора Морк на која и завршува договорот со Унгарките. Но, ЧСМ Буккурешт во трката за некогаш најдобрата светска ракометарка ќе има силен ривал во Будуќност. Неофицијално,  во овој момент, поблиску до потпис е екипата од Подгорица. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk