Крај на сезоната на најдобрата од ЕП

Сезоната за најдобрата ракометарка на последното ЕП, Ана Вјахирева е завршена. Таа вчера беше оперирана во Мадрид, а состојбата на повредената рака била покомплицирана отколку што докторите сметале, по што пропаднаа шансите за (по)брзо враќање на теренот. 

Ана Вјахирева ќе мора да паузира четири месеци. 

„Операцијата беше покомплицирана отколку што докторите очекуваа. Но, мина добро. Две недели ќе носам гипс, а потоа уште 12 недели рехабилитација“, изјави Вјахрева за официјалниот сајт на Ростов, нејзиниот клуб. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk