Отказ за Рибеиро од Металург

Кратка беше авантурата на португалскиот интернационалец Гончало Рибеиро во Металург. Централниот бек во Скопје дојде заедно со Александар Шпенде и Миха Пучник, но за разлика од Словенците, не се снајде како што се очекуваше во скопскиот тим. 

Денеска клубот реши да ја раскине соработката со Португалецот и тој официјално е слободен играч. 

Рибеиро за Металург постигна 25 гола на седум натпревари во СЕХА Гаспром лигата и 19 гола на пет средби во Лигата на шампионите. Имаше свои моменти на средбата со Мешков во СЕХА (8 гола) и на средбата со Силкеборг во ЛШ (седум гола). На другите средби главно постигнуваше по 3 гола. Севкупно, статистиката и не му е до толку лоша, но не го донесе тоа што од него се очекуваше, а клубот веројатно си има и плус причини поради кои реши да ја заврши соработката со Португалецот. 

Металург е во потрага по засилувања, но нема да бара конкретна замена за Раибеиро на централната бековска позиција, туку превенствено ќе бара засилување на позицијата десен бек. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk