Трефилов на операција на срце

Здравствените проблеми што ги има селекторот на Русија и тренер на Кубан, Евегениј Трефилов, се посериозни и во краток рок ќе му биде закажана операција на срцето.

Трефилов вчера се пожалил на проблеми, се чувствувал лошо и беше хоспитализиран и под лекарски надзор. Дијагностицирани му се срцеви проблеми и спасот ќе го бара со оперативен зафат. 

Во меѓувреме останува под постајана контрола од докторите и нема да го води клубот на натпреварите од ЕХФ Куп и веројатно сите натамошни професиоални активности му се забранети додека не биде решен проблемот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk