Трефилов заврши во болница

Евгениј Трефилов, селекторот на Русија и главен тренер на екипата на Кубан Краснодар е хоспитализиран и се наоѓа под постојан лекарски надзор објавија денеска руските медиуми. 

Евгениј Трефилов се почувствувал лошо, констатирано е дека има проблеми со срцето и нема да го води тимот на натпреварот со Безансон на домашен терен, меч од ЕХФ Куп натпреварувањето. 

Трефилов е познат по тоа што ги води натпреварите многу тензично, со многу нервоза и високо ниво на стрес. Прашањето што чека одговор е колку е сериозен проблемот што го има и како ќе се одрази на неговата тренерска работа во иднина. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk