Египќаните го откачија Веспрем

Поранешниот тренер на Вардар, сега тренер на Веспрем и селектор на Египет, Давид Дејвис имаше неуспешен обид да ја искористи селекторската позиција за да го засили клубот. 

Шпанскиот тренер, односно Веспрем испратил понуда до двајца репрезентативци на Египет. Ибрахим Ел Масри, од Ал Ахли играч од позиција пивот и Јехја Омар Калед, десен бек на Замалек. 

Двете врати веднаш му беа лупнати пред лице на египетскиот селектор. Замалек побаал премногу пари, а Ал Ахли не сакал да се откаже од својот играч ни за отштета. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk