Се ближи завршницата на СЕХА Гаспром шампионатот и наближува моментот што ја прави СЕХА посебна во ракометните натпреварувања.
Фајнал фор турнирот, настан што од година во година станува се поатрактивен, подобро организиран и достигнува висини на ранг на ЕХФ натпреварувањата. Минатогидишниот во Скопје не заостануваше со ништо во организациски дел зад тоа што се организира во „Ланксес Арена“ или тоа што се организира како завршен викенд на СП или ЕП. Не само што не заостануваше, напротив.
Сега е ред некој да го наследи и надмине „Ф4 Скопје 2018“. Кандидати до денеска имаше два, Осиек од Хрватска и Кошице од Словачка. Во еден момент и Букурешт беше во игра, но веќе не е опција.
Но, сега има и трет сериозен кандидат, град што еднаш веќе беше домаќин на СЕХА Ф4.Тоа е Брест, Белорусија. Град што годинава слави 1000 години од постоењето и е заинтересиран и годинава да ги нагости најдобрите четири екипи од СЕХА. Посебно што годинава има и најсериозни шанси да излезе и како победник. Во однос на нивните шанси од претходните години.
Но играњето со втор состав на Мешков во првенството засега не му гарантира пласман на Ф4. Според тоа во игра остануваат и Осиек (според нас најсериозен кандидат, со оглед на тоа дека најверојано две екипи од Хрватска ќе играат на Ф4) и Кошице. Наскоро, откако ќе се знае кои екипи ќе играат на завршниот турнир, ќе знаеме и каде ќе се води решавачката битка за пехарот.
Поврзани вести