Врањеш ќе води тим против Вардар во ЛШ

Поранешниот тренер на Веспрем, Флензбург и селектор на Унгарија, Љубомир Врањеш има нов клуб. И ќе го гледаме на натпревар со Вардар во Лигата на шампионите. 

Љубомир Врањеш го презема тимот на Кристијанштад, шампионот на Шведска и учесник во ЛШ. Доаѓа на местото на поранешниот репрезентативен колега од тимот „Бенган Бојс“ - Ола Линдгрен. 

Врањеш беше еден од најдоброплатените тренери во Европа во времето кога го водеше Веспрем, но во оваа екипа има(ше) премногу ајкули за да може несметано да ги спроведува своите идеи. Изостанаа резултатите, следеше смената. 
Оттогаш беше цел на многу шпекулации, но денеска беше претставен како тренер на Кристијанштад и со тоа сагата доби епилог. 

Вардар и Кристијанштад ќе се сретнат уште еднаш во последните четири кола од Лигата на шампионите, во Шведска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk