Уште еден Винцек на сцена

Германскиот клуб Аленер, денеска објави дека потпишале договор со Винцек. Со Давид Винцек (25), помалиот брат на Патрик Винцек, ракометарот на Кил и на германската репрезентација. 

Давид Винцек е со „Панини“ речник кажано, дупликат во албумот на постариот Патрик, со нешто повеќе коса. За среќа на целиот ракометен спорт, не е пикер-разбивач како легендарниот репрезентативец туку универзален бек.

Има помирисано јуниорска репрезентација, играше како 18-19 годишник за Гумерзбах и Лемго и потоа се пресели во второлигашка конкуренција, каде што играше за Хам. Сега направи поместување во кариерата и како засилување доага да игра за Аленер. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk