Крај на сезоната за пикерот на Металург?

Непријатни вести соопшти тренерот на Металург, Данило Брестовац, за здравствениот билетн на тимот во пресрет на продолжението на сезоната во СЕХА Гаспром лигата. 

„Се повреди Миличевиќ. Проблем со рамото. Чекаме извештај од докторите по направеното снимање со магнет. Но, можеби за него сезоната да е завршена“, изјави Брестовац. 


Хрватскиот интернационалец Адријан Миличевиќ се повредил на тренинг, пред два дена, без некој посебно силен дуел. 


„Се надеваме дека повредата на Миличевиќ не е сериозна и дека наскоро ќе ни се приклучи на натпреварите“; изјави младиот Михајло Младеновиќ, ракометар од подмладокот на Металург кој пролетва ќе добие значително поголема шанса да игра во клубот од „Автокоманда“. 


Металург нема (веднаш) да бара алтернатива за Миличевиќ, каков и да е епилогот со повредата. На линијата ги има Милан Лазаревски и Филип Арсеновски и тие двајца ќе треба да ја завршат работата. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk