Каде ли ќе биде за две години?

Трансферот на Гудјон Валур Сигурдсон во ПСЖ беше најавен одамна. Сега во два дена се изврши размената меѓу РНЛ и ПСЖ. 
Од Париз кон Манхајм заминува Уве Гензајмер, во спротивен правец оди Гудјон Валур Сигурдсон. 

Исландското крило заслужува да му се симне шапка. Не само затоа што е најдобриот стрелец во историјата (репрезентација), туку и што на 39 годишна возраст успева да игра на највисоко ниво. 

Арон Палмарсон му упати несекојдневна честитка.  На својот ФБ профил објави:

На 33 години потпиша за Кил
На 35 години потпиша за Барселона
На 37 години потпиша за РНЛ
На 39 години потпиша за ПСЖ


Каде ли ќе биде по две години?
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk