ТРАНСФЕРИ: Се засили Ѓер, купуваше и противникот на Еурофарм

  • Европскиот шампион Ѓер, купи и трет пивот и конечно би требало да го заврши ремонтот на линијата што беше принуден да го направи откако се раздели со Хајди Локе и Ивет Брох. 
    По Кари Братсет и Крина Пинтеа, во Ѓер доаѓа и француската репрезентативка Беатрис Едвиж. Ракометарка позната и како дефанзивен специјалист, иако игра сосема добро и во напад. Во моментов е играч на Мец.
  • Противникот на Е. Работник, германскиот Хановер, доведе голман од Италија. Доменико Ебнер ќе им прави друштво на Мартин Цимер и Урбан Лесјак во претстојниот дел од ЕХФ Куп. 
  • Големиот унгарски талент, Рудолф Фалувеги ќе си замине од Нант. По повредата на рамето тој не доби вистинска минутажа во францускиот тим за кој игра и Кирил Лазаров, па следната сезона ќе се обиде како играч на Сесон Рен. 
  • Белорусинот кој беше пред потпис со Е. Работник, Глеб Гарбуз, потпиша договор со швајцарската екипа Луцерн. 
  • Голманот Филип Ивановски (Е. Работник) и десниот бек Стефан Трпчевски потпишаа договори со македонскиот суперлигаш Охрид. Голманот Мартин Јовановски, пак, замина од Охрид и ќе игра во шампионатот на Грција во продолжението на сезоната. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk