ВИДЕО: Пивот од Србија го засили Бутел Скопје

Екипата на Бутел Скопје и во својата дебитантска сезона во македонската Супер лига се наметнува како клуб што ќе игра запазена, а не епизодна улога. 
Пласманот на табелата во 2018 практично им гарантира место во плеј оф, но од нив чекаме да „нешто“ и откако во лигата ќе се приклучат Металург и Вардар. 

Две засилувања стигнаа зимава во Бутел. Првото е Рускиот бек Алексеј Григорјев, а второто засилување доаѓа од Србија. 
Поточно засилувањето е српско, но има акумулирано искуство во Асобал лигата, од екипата на Бидасоа и Ланзароте. 

Кружниот напаѓач Вељко Давидовиќ е  новата аквизиција на Бутел Скопје. Се работи за „силен“ пивот. Висок „само“ 182 сантиметри и тежок околу 110 кг. Ќе биде вистински проблем за секој одбрана Давидовиќ во пролетниот дел од сезоната. 

Тој потпиша договор на 1,5 година. Претходно има играно за Сиудад Ланзароте, Бидасоа, Раднички, Пролетер, Слога и Младост Чачак. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk