Поранешната Вардарка се скраси во Русија

Поранешниот голман на Вардар, Маиса Пешоа од Бразил, останува верна на Ростов на Дон, рускиот шампион. 
Денеска клубот објави дека Пешоа потпишала продолжување на договорот за следните две сезони. 

Рускиот клуб е во фаза во која создава тим и за следната сезона. Вчера објави дека го продолжил договорот со тренерот Мартин Амброс, денеска еве со оглманката од Браизл Маиса Пешоа, утре веројатно ќе слушнеме некоја трета новост со која Ростов ќе се обиде што подолго да го држи вниманието на јавноста. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk