Татран го претстави Костески

Македонскиот ракометар Никола Костески кариерата ја продолжува во словачкиот шампион Татран Прешов. Десното крило досега беше ракометар на Селкаспор од Турција, но во овој клуб има бројни заминувања на полусезоната, а еден од играчите кои заминаа беше и Никола Костески. 

Очекувавме да потпише за Еурофарм Работник со кого беше во преговори, но со доаѓањето на црногорското засилување, оваа варијанта отпадна. 

Денеска, Татран Прешов на својот профил објави дека нивни нов играч е Никола Костески и дека таму ќе биде до крајот на сезоната. 

Ова е од играчки аспект гледно одличен потег на Никола Костески кој сега добива шанса да игра во реномиран клуб  под водство на добар тренер (Славко Голужа) и од каде полесно би можел да направи трансфер во добар клуб, доколку, нормално, реши дека треба да менува. 

Трансферот во овој клуб би требало да биде и чекор поблиску до враќање во репрезентацијата каде што беше редовно на поширокиот список, а и на скратениот се до СП 2017 година.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk