Циндриќ ќе паузира цел февруари

Првичните прогнози околу времето што Лука Циндриќ ќе го мине по најновата повреда, добија официјална потврда. 
За враќање на терен во полна сила на Циндриќ ќе му треба еден месец рехабилитација. Во февруари за него не е предвидено да игра во Лигата на шампионите и ќе ги пропушти дуелите со Кристијанштад, Монпеље и Рајн Некар. Ако се оди како што треба, ќе се врати на терен за дуелот со Веспрем, пишува SportoweFakty.pl 

Лука Циндриќ го повреди истиот мускул што го лекуваше цела есен. За среќа не е истата повреда, туку настрадал друг фрагмент од мускулот. 

Ова е нов голем проблем за Талант Душебаев, кој едвај скрпи тим и ги врати во игра Мамиќ и Каралек, но на мундијалот го загуби Даниел Душебаев и Лука Циндриќ. 

Така ривалот на Вардар во ЛШ, продолжува со крпен состав и во последната фаза од групниот дел на Лигата на шампионите, а вистинскиот сјај на Келце годинава тешко дека ќе го видиме. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk