ТОП ТРАНСФЕРИ: Генсхајмер, Амброс, Сигурдсон

Германските медиуми утрово осамнаа со наслови во стилот  „Генсхајмер се враќа дома“. Најдоброто крило што Германија го имала од времето на Штефан Кречмар во моментов е ракометар на ПСЖ, а старо-нов клуб ќе биде Рајн Некар Ловен. Трансферот беше заговаран долго време, но денеска Германците ставија печат. 

Доаѓањето на Генсхајмер во РНЛ, значи дека во спротивен правец ќе оди Гудјон Валур Сигурдсон. Исландскиот ветеран најави дека Париз е можна дестинација, сега се очекува потврда и за овој трансфер. 

Шпанскиот стручњак и актуелен селектор на Романија, Мартин Амброс, потпиша продолжување на договорот од една година со рускиот шампион Ростов на Дон. Ова продолжување доаѓа по првиот меч и пораз на Ростов во продолжението на ЛШ. 
Со овој договор се растури и менаџерската шема што му се спремаше на ЧСМ Букурешт. Под влијание на менаџери од Романија и Унгарија во јавност беше пласирана приказната дека Мартин Амброс ќе биде нов тренер на ЧСМ Букурешт и дека неколку романски ракометарки-репрезентативки ќе потпишат за овој клуб откако тој (како селектор) ќе го преземе кормилото од Драган Ѓукиќ. 

Левото крило на Монппеље, Арно Бинго најде клуб за следната сезона. Ќе игра за Споринг од Португалија. Арно Бинго е еден од седумте играчи на Монпеље што заминуваат на крајот на сезоната. Но, претпоставките беа дека ќе се врати во Трембле, од каде и дојде во Монпеље.

213 сантиметри високиот десен бек од Шпанија, Анхел Монторо, следната сезона ќе настапува за екипата на Кадетен Шахфаузен. Монторо е играч на Ентакада. Претходно играше за Ла Риоха, пред тоа за Висла Плоцк...
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk