ТОЛЕДО: Немам понуда од Вардар

Бразил вечерва беше импресивен на натпреварот со Хрватска и победата ја прослави небаре го освои мундијалот. По средбата сите Бразилци во одлично расположение даваа изјави, а како што ветивме, наша обврска беше да го прашаме десниот бек на Бразил, Жозе Гиљермо Толедо, за шпекулацијата дека следната сезона би можел да се пресели во Вардар.

„Следната сезона ќе бидам слободен играч, но ќе бидам искрен сега немам понуда. Во моментов и сум фокусиран на Светското првенство и на тоа да направиме што подобар резултат, па така не можам да се фокусирам на други работи“, изјави Толедо. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk