ФОТО: Криглите во вис, игра Германија

Од Келн
Ричи Ѓамовски


Неракометниот Минхен каде што на трибините главно можеа да се сретне хрватската дијаспора и мало шаренило од македонски, исландски и шпански навивачи е заменет со ракометниот Келн каде што СП влегува во поинаква димензија. 

Германците се изгорени по ракомет... или по целата забава што ја нуди СП. Околу 9.000 навивачи имаше уште на пладне, на натпреварот меѓу Македонија и Русија. Два часа подоцна во Ланксес имаше над 18.000 гледачи. Дојдени за дуелот Германија - Исланд, а патем и за ракометна забава и класикото Франција - Шпанија. 

Не е само ракометот, рековме. Организацијата, целодневната забава. Од пладне се полни со луѓе штандовите во поддтрибинскиот простор. Пиво на тони, колбаси на тони, занимација од некаков тип има на секој чекор. 

Ако ве интересира како тоа изгледа во евра... еден баварски перек во Ланксес чини 2.80 евра. Пиво е од 5 евра, хот дог, односно вурст, од 5.5 евра, па нагоре. 

Редици за пиво на секој чекор, за штандовите за јадење уште повеќе. Не се ни обидуваме да пресметаме колку промет остварија денеска. 



Мобилните продавачи на пиво ги има на секој чекор 


Колбаси и пиво одат многу добро со ракомет


Германија ќе има поддршка од над 18.000 фанови

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk