СТОИЛОВ: Ракомет се игра и кога Кире се менува на бавната страна

Столе Стоилов по натпреварот разочарно коментираше за натпреварот со Исланд. Шансата ја пропуптивме, сега ќе разигруваме во Президент Куп

„Разочарани сме, бидејќи одигравме повеќе помалку добар натпревар. Знаеме дека ракомет се игра 60 минути, не може да играме добро едно полувреме и да се надеваме на успех против ривал како Исланд. Не можеме да играме добро само на таа брза страна, кога Кире може брзо да се смени. Не може тоа посебно не на Светско првенство. Таа е реалноста, за жал. Тоа што го увидовме на овие последни три натпреваи е дека , кога сме на брзата страна можеме со секого. Потоа на другата страна имаме проблеми што не успеавме да ги надминеме“, изјави Стоилов.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk