Крај на СП за играч на Вардар

Еден ракометар на Вардар помалку ќе има од денеска на Светското првенство во Германија и Данска. Селекторот на Русија, Едуард Кокшаров се реши од тимот да го отстрани пикерот Глеб Калараш. 
На неговото место е повикан Максим Михаљин. 

Серија на промени има денеска, а најзвучните се во Франција. Покрај Никола Карабатиќ (Седрик Сориндо), во тимот влегува и супер-талентот Мелвин Ричардсон. Тој ќе го замени централниот бек на Нант, Никлас Клер. 

Унгарија прави битна замена и на местото на Имал Џамали во составот доаѓа прекалениот дефанзивец Тимушин Сух. Унгарија го смени и десниот бек Габор Анчин, а на негово место е Доминк Мате. 

Србија уште еднаш ги менуваше голманите. Сега Владимир Цупара се враќа, а на надвор оди Светислав Веркиќ. 

Голмани менуваше и Австрија. Никола Мариновиќ е аут, во игра е Томас Бауер. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk