Жозе Толедо на радарот на Вардар?

Необично мирно беше во текот на првенствово што се игра во Германија и речиси и да немаше шпекулации за тоа што главно ги интересира и фановите и читателите, а тоа се трансфер информациите. 

Вчера почна „срамежливо“ да се врти една вест за која нема долго да мораме да чекаме за потврда. 

Бразилецот Жилерме Жозе де Толедо е на радарот на македонскиот шампион Вардар. Се работи за играч од позицијата десен бек каде што во Вардар наскоро ќе остане празно место затоа што Криштопанс има договор со ПСЖ. 

Де Толедо е играч на Висла Плоцк, полскиот вице-првак, а на шампионатот во Германија пружа одлични партии и веќе изборија главна рунда во конкуренција на Србија и Русија. 

Бразил, секако, ќе го видиме во главната рунда во Келн, а таму ќе ја искористиме шансата да го прашаме лично Де Толедо дали во оваа информација има вистина или е само шпекулација, 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk