Чиле ја шокираше Австрија!

Втор ден и втора сензација на СП. Откако вчера Ангола го победи Катар, Аргентина одигра...пардон, Унгарија одигра нерешено со Аргентина, а Србија со Русија... Денеска Чиле ја победи Австрија. 

Австрија со Јанко Божовиќ, Никола Билик, Раул Сантос, Никола Мариновиќ и Роберт Вебер. Чиле, предводен од Ервин и Емила Фојчман. И не само што ја победи, туку ја декласираше Австрија со 32-24.
Веројатно најголемата победа на Чиле во ракометната историја е ова, а Матео Гаралда кој се утепа од плачење на СП Франција кога Чиле прв пат победи европска репрезентација, сега веројатно веќе нема толку емотивно ја слави втората победа. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk