МИТРЕВСКИ: Се зависи од нас

Слободниот ден е резервиран за анализа на следниот противник. Утре од 14:00 Македонија ќе се бори за нови бодови со тимот на Бахреин. 

„За натпреварот против Јапонија се подготвувавме доста долго и доста квалитетно. Крајниот резултат сепак не е одлика на она што се случуваше. Имавме лоши моменти и доста грешки.
Во наредниот период ќе се обидеме да ги поправиме за да бидеме подобри. Ова што го видовме против Шпанијеа не е мерило. Ниту Шпанците играа максимално, а и Бахреин играше поопуштено. Селекциите на Јапонија и Бахреин гледаат шанса за бодови против нас, па ние добро се подготвуваме за тие два дуели. Се подготвуваме за нив како еден вид да се биде ли не.
Против Бахреин ќе влеземе максимлано. Се зависи од нас, ако одиграме добро и квалитетно сигурно ќе победиме.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk