ГЕОРГИЕВСКИ: Ќе биде потешко отколку со Јапонија

Бахреин целосно ги окупираше мислите на македонските репрезентативци. Тие се отскочната даска кон Келн. Последниот „лесен“ натпревар пред да дојде на ред Хрватска, Шпанија и финално Исланд. 

„Мислам дека утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен. Бахреин е непознаница, никогаш не сме играле против нив. Нема лесни ривали, сите играат ракомет. Ако не влеземе максимално, ќе имаме проблеми со секој ривал, без разлика дали се вика Бахреин, Чиле...
За разлика од Јапонците играат поагресивна одбрана, мислам дека ќе ни биде многу тешко“, изјави крилото на македонската репрезентација Гоце Георгиевски.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk