ТАЛЕСКИ: Повисоки се и имаат подобра одбрана од Јапонија

Утре од 14:00 часот, Македонија ќе игра меч со Бахреин со кој ќе обезбеди позиција рамноправно да се бори со Хрватска и Исланд за пласман во групната фаза. 

„Посакувавме мундијалот да го отвориме со победа, тоа и го направивме. Имаме една преспана ноќ, а не чекаат уште четири натпревари. Синоќа видовме дека и Бахреин е незгоден противник како и Јапонија, се држеше до самиот крај против Шпанија. Потребно е максимално да се подготвиме и за нив.
Ако имаме уште една победа, потоа ќе биде се отворено против Хрватска, Шпанија и Исланд.

„Имаме 24 часа за подготовки и се надевам на добар меч. Бахреин е повисока селекција од Јапонија, имаат покомпактна одбрана, па поради тоа мора да бидеме трпеливи во нападот, да градиме 100% шанса и да не ги повториме грешките со избрзани шутеви со Јапонија. Нема да биде лесно, но одиме со сите сили“, изјави Филип Талески. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk