РАУЛ: Бахреин не игра како Јапонија

Селекторот на Македонија очекува цврст противник и тежок натпревар на кој не смее да има опуштање. 

„Совладана е Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Имаат ист начин на игра мислам дека треба добро да се подготвиме и да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаат негатива од три разлика и шанса за да намали и на два разлика.
Затоа треба да имаме многу почит и не треба да се опуштиме. Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, треба да внимаваме и на разликата особено кога се игра во група. Ако е потребно ние имаме сега и добра разлика. Ние ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Играта на Бахреин е различна од таа на Јапонија впрочем и различен тип на играчи се. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен“, изјави Раул Гонзалез. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk