ПЕШЕВСКИ: Не гледаат како шанса, ама ќе им ги расипеме сметките

Јапонија е архивирана, Бахреин е во фокусот на македонските играчи. Денешниот тренинг беше подоготвка за утрешниот меч со азискиот вице-првак.

„Немаме многу време  за да го анализираме и да се подготвиме за натпреварот со Бахреи. Важно ни е да се одмориме, иако кратко е времето за подготовки. Ќе одработиме еден тренинг и немаме доволно време за видео анализа, но верувајте дека спремни ќе го дочекаме натпреварот.
Бахреин не ја гледа Македонија со исти очи како Шпанија, но ние покажавме едно друго светло, постигнавме 38 гола и игравме како што очекувавме. Можеби имавме мали проблеми во одбраната, но ќе се поправиме со Бахреин. Тие гледаат шанса во натпреварот против Македонија, но ние сме тука да им ги замрсиме сметките“, изјави Жарко Пешевски

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk