ЛАЗАРОВ: Јапонија не смее да не успие, Исланд ме изненади

Македонија комплетна, во добра физичка форма, денеска го одработе утринскиот тренинг. Сите во строј, задоволни што првенството почна со победа. 
Капитенот резимето го почнува со последниот меч од првото коло. 

„Имаме информација за натпреварот Шпанија - Бахреин, одиграл квалитетно нашиот следен противник. Се работи за поквалитетна екипа од Јапонија. Тоа значи дека треба да бидеме многу повнимателни, не смееме да дозволиме да не успие победата од девет гола разлика над Јапонија, вели капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров.
„Не беше лесно како што изгледаше. Победа со Бахреин би ни значела многу. Очекувам тежок меч и голема борба. Мораме да сме максимално сконцентрирани и да одиграме најдобро за да можеме да се надеваме на победа. 

На утрешниот дуел, сепак, ќе се прашува само Македонија
„Зависи од нас. Важно е што здравствениот билтен е добар. Денеска на доручек, ниту еден играч не се пожали за некаква повреда. Тоа ме радува, тоа значи дека утре сите можеме да дадеме максимум“, вели Лазаров. 

Исланд и Хрватска се екипите против кои ќе бараме пласман во главната рунда
„Видовме квалитетен меч и меѓу Исланд и Хрватска. Знаеме за Хрватска дека е екстра квалитетна репрезентација и секогаш е со големи амбиции. Секогаш е на врвот. 
Исланд, искрено ме изненади. И покрај тоа што имаат промена на неколку играчи. Многу го ценам нивниот селектор кој направи успех со Данска, беше олимписки првак. Направи успех и со РНЛ, од таа плејада на исландски тренери заедно со Сигурдсон и Гисласон е во топ 3.

Доаѓа потешкиот дел од првенството
Ме загрижува тоа што од утре играме ден за ден. Нема да имаме пауза, нема да имаме време за анализирање, за рекуперација. Да не се повторувам дека ростерот ни е таков каков што ни е, подмладен, неискусен. 
Ќе биде потешко да се спремиме, треба да внимаваме на секој сегмент. Утре сакам да победиме и притоа сите да останеме здрави и без последици“, изјави капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk