ПРЕГЛЕД: Дибиров растури, Србија и Русија „братски“

Србија и Русија мечот од првото коло го најавија како финале. Единствен на теренот што играше како да се игра финале е Тимур Дибиров. Постигна 12 гола и тоа од само 13 обиди, а средбата заврши „братски“ - нерешено (30-30). Бразил затоа играше како во транс на мечот со суперсилните Французи кои очигледно допрва ќе се загреваат. За да не пукне сензација и во Берлин, се погрижи, хмм, Винсен Жерар? Од моментот кога го замени Домулан, до водството на Франција од 19-13, Жерар имаше 73% одбранети удари.
Па, сепак, Бразил израмни на 20-20. На крајот Франција се „изгреба“ за победа од 24-22. 

                                                                    

Во групата во која игра Данска е здодевно. Норвешка набрзина го преслуша Тунис, а Австрија без мака славеше со С. Арабија. 
Но, затоа пак во групата што се игра во Копенхаген е спектакл. Не само што Ангола го победи Катар, туку и Аргенина без Диего Симоне одигра нерешено со Унгарија. Неговиот брат Пабло со шест гола ја водеше Аргентина до бод. 
Кај Унгарија, враќањето на Ласло Наѓ беше потег повеќе, затоа што Золт Балог, играч десен бек како и Наѓ, постигна 11 гола од 14 обиди. Но, во ракометот во Унгарија нешто е проколнато. 

На крајот со судење блиску до перфекција, Египет беше на милиметри... секунди до сензација на мечот со Шведска. Немаше и трета сензација, победија Швеѓаните и треба вистински да прослават за ваквиот расплет. Ахмед Ел Ахмар со пет и Шабиб исто така со пет гола беа најефикасни кај Египет. Тука можеби треба да напоменеме дека Египет е репрезентацијата што на Шведска никако не и одговара со играта. Паметиме и пред четири години во Доха, „Шведска изгледаше перфектно се додека не излезе на терен со нив. И како куруозитет, да споменеме дека Шведска и во недела ќе игра против тим кој никако не им одговара - Аргентина. 

Од неделните средби би издвиле и дека се игра меч со набој каков што има на пример на Србија - Хрватска. Тоа е средбата во Копенхаген меѓу Катар и Египет. Меч што и за Катар и посебно за Египет е многу повеќе од меч. 


РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
Група „А“
Германија - Кореја   30-19 (17-10)
Србија - Русија   30-30 (16-16)
Бразил - Франција  22-24 (13-16)
ДЕНЕСКА
15:30 Русија - Кореја
18:15 Германија - Бразил
20:15 Франција - Србија

Група „Б“ 
Македонија - Јапонија  38-29 (18-13)
Исланд - Хрватска   27-31 (14-16)
Бахреин - Шпанија  23-33 (11-16)
НЕДЕЛА:
14:00 Македонија - Бахреин
16:30 Хрватска - Јапонија
19:00  Шпанија - Исланд



Група „Ц“
Данска - Чиле   39-16 (22-4)
С. Арабија - Австрија  22-29 (9-15)
Тунис - Норвешка  24-34 (13-18)
ДЕНЕСКА
15:00 Австрија - Чиле
17.30 С. Арабија - Норвешка
20:30 Данска - Тунис

Група „Д“
Ангола - Катар  24-23 (12-8)
Аргентина - Унгарија  25-25 (10-13)
Шведска - Египет  27-24 (13-11)
НЕДЕЛА:
15:30  Катар - Египет
18:00  Унгарија - Ангола
20:30  Шведска - Аргентина
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk