Хрватска ни го испрати Исланд на мегдан

ХРВАТСКА - ИСЛАНД  31-27 (16-14)

Хрватска го совлада Исланд во првото коло и ја потврди најлогичната теорија, а таа е дека Македонија и Исланд на последниот ден ќе играат за последното место што води во главната рунда. 

Останува шансата Македонија да ги измести работите со евентуален триумф над Хрватска, но за тоа би зборувале по тој натпревар, а не пред него. 

Жесток беше натпреварот што се играше пред полни трибини во Олимпијахале. Исланд беше подобар во добар дел од првото полувреме, Хрватска во финишот на првиот дел премина во водство. Имаа Хрватите и убав плус на стартот на вториот дел, но Исланд се врати во игра поведе 24-22 и кога се очекуваше неизвесна завршница, профункционира одбраната на Хрватска. Исланд погреши во два врзани напади, прими два лесни гола и веќе немаше назад за нив. Но, одиграа добро Исланѓаните, доволно за да го загрижат и Раул и македонските играчи.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk