Фалангата не е најбројна: Полна сала Хрвати

Македонската репрезентација имаше поддршка од над 200 навивачи на натпреварот со Јапонија, во најава има дека ќе дојдат најмалку уште толку навивачи за следните натпревари, но дури и тогаш Македонија нема да ја има најбројната публика во Минхен. 

Исланѓаните денеска ги окупираа пивските барови во салата, ги има околу 1000. Не се некоја навивачка сила, во голем дел како во театар си седат мирно на своте места и аплаудираат. Групирани се на една трибина и изгледаат како да се многу повеќе отколку што се. 



Сосема поинаква слика се навивачите на Хрватска. Ги има насекаде низ салата. На бројка, меѓу 3000 и 4000 хрватски навивачи има вечерва во Олимпијахале, на натпреварот со Исланд. 

Ако остане истиот сооднос и следните денови, што е тешко да се предвиди со оглед на тоа дека сега е викенд, а тие средби се играат среде работна недела, нашите противници ќе имаат повеќе навивачи на трибините. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk