Јагањац остана на трибина

Довчерашниот топ стрелец на Металург, а сега 120 илјадно засилување за Нексе, Халил Јагањац, не влезе во најтесниот избор на играчи на Лино Червар за првиот натпревар на мундијалот. 

Хрватска во моментов води жестока битка со Исланд за секој гол, а Халил Јагањац е на трибините. Со ова се потврдија тезите на неколку хрватски ракометни колумнисти кои велеа дека најголемиот грев на Јагањац е што не ја одби понудата на ППД Загреб и потпиша за Нексе. 

Дека тоа ќе се одрази на неговата кариера, можеше да се претпостави, дали тоа ќе се одрази на играта на Хрватска, ќе видиме..
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk