Стоилов: Се надевам со Бахреин ќе биде полесно

„Иако победата против Јапонија се чинеше лесно извојувана, сепак на теренот не беше така, вели нашиот прв пивот, Столе Стоилов.

Посочува дека е задоволен од победата, но ниту тој ниту неговите репрезентативни колеги нема да се залетаат

„Одиме чекор по чекор. Не смееме да брзаме бидејќи во овој формат на натпреварување има многу натпревари. Задоволен сум од резултатот, но факт е дека во одбраната имаме некои работи што треба да ги поправиме, вели Стоилов.

На следниот натпревар со Бахреин, вели, Македонија е фаворит, но потоа следуваат натпреварите во кои нашите репрезентативци ќе одат на сѐ или ништо.

„Се надевам дека на мечот со Бахреин ќе биде полесно, дека ќе можат да добијат шанса и дебитантите и да почувствуваат како е на големо натпреварување. Тоа би било добро за нас, да можеме да одмориме и свежи да ја дочекаме Хрватска, вели Стоилов.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk