Македонија го проби мразот, убедлива победа над Јапонија

МАКЕДОНИЈА - ЈАПОНИЈА   38-29 (18-13)
Стрелци за Македонија:К. Лазаров 8, Манасков 7, Стоилов 6, Кузмановски 4, Талески 3, Георгиевски 1, Ф. Лазаров 2, Поповски 3, Пешевски 4

Македонија ја проби мразот во Олимпискиот храм во Минхен и ја совлада Јапонија за прва победа и први бодови на Светското првенство. 

Само во воведните десетина минути Јапонците беа резултатска опасност, имаа и водство од 4-3 во седмата минута. Но, нивната бавна игра не вроди плод, македонската одбрана убаво ги затвораше нивните напади, а на другата страна прво Манасков се размавна, а потоа до израз дојде и разликата во квалитет, па Македонија со серија од 4-0 стигна до првата поубедлива разлика во 10 минута, кога Дагур Сигурдсон побара тајм аут.



Јапонците од улога на екипа што брка резултат не можеше веќе долго да комбинира, но успеваа одвреме навреме да ја искористат нивната брзина и погодуваа од позиции кога македонската одбрана не беше формирана. 

Кирил Лазаров погодуваше и од пенал и од игра, Стоилов и Пешевски си имаа свои моменти во дуелите со јапонската зона и Македонија го контролираше резултатот. Поведовме 10-5, 12-7, а на полувреме беше 18-13. 

И во второто полувреме продолживме со истиот ритам. Го контролираше резултатот македонскиот состав и во ниту еден момент не беше доведен во ситуација да треба да се грижи за крајниот исход. 

Имавме 27-21, по што остана имаше и простор да се одигра некој цепелин и да се разгали публиката во која имаше и над 200 македонски навивачи, голем дел од нив дојдени од Македонија. 

На крајот Македонија играше и за двоцифрена победа, поведе со 38-28, но во последниот напад, Јапонија успеа да намали и средбата да ја заврши со минус од девет гола. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk