Ќе биде тесно во Минхен

Мундијалот во Минхен само што не почнал, а веќе можеме да ги видиме првите проблеми за организаторот и за медиумите. 
Прес центарот во Минхен едвај има триесетина места, во моментов петнаесет новинари се само од Македонија.  Први сме, ги фативме најдобрите места, но најавени се дванаестина новинари од Хрватска, можеме да видиме и (засега) и еден Јапонец и места веќе - нема.  Исланѓаните, а и нив ги има во првиот бран петмина, во моментов кружат околу масите во прес центарот барајќи позиција во малата сала резервирана за фотографи.

Недостасуваат уште локалните медиуми, а и нив заедно со официјалните телевизиски куќи, ќе направат во Минхен да има трка за столче во прес центарот следниве денови. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk