Криштопанс потпиша за ПСЖ

Не мина долго време за најавата да се претвори во реалност. Даинис Криштопанс потпиша тригодишен договор со ПСЖ. 
Џиновскиот Летонец останува играч на Вардар и следната сезона, договорот со ПСЖ му почнува од 2020, но ќе видиме, многу често ваквите договори завршуаат со предвремен раскин на договорот и селидба малку порано од предвиденото.
Посебно затоа што ПСЖ веќе го ослободи Лука Степанчиќ и тој заминува за ПИК Сегед. 

Одговорот кога Криштопанс ќе се пресели во Париз, ќе го добиеме веројатно истовремено со плановите на Вардар за следната сезона. Да потсетиме, јуни е месецот што не само Криштопанс го чека, туку и Мораеш, Борозан.. Засега стои дека и следната сезона Летонецот ќе игра во Вардар,. 

„Добро почна 2019, изјави Криштопанс. „ Ме радува помислата што повторно ќе соработувам со Раул Гонзалез, тој е за мене еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Летонецот при потпишувањето на договорот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk