Зоран Кастратовиќ: Анализа СП - Бахреин

Пишува: Зоран Кастратовиќ

Зоран Кастратовиќ е најновото име што го додаваме на нашиот список на колумнисти и аналитичари. Во моментов е во вакуумот меѓу позицијата селектор на Иран и позицијата селекор на Иран. Преговорите траат, наскоро ќе дознаеме каков ќе биде епилогот. Претходно беше селектор на Црна Гора, беше тренер во Катар, тренер на Вардар...
За време на својот престој во Иран, имаше и „специјална“ задача, а тоа беше да го има на око и тимот на Бахреин. 



Во втората декада од овој век ракометарите на Бахрeин дефинитивно станаa втората најдобра репрезентација на Азискиот  континент,
Имено, на последните неколку најголеми континентални натпреварувања се закитија со сребрените медали ( шампионатите на Азија 2014, 2016 и 2018 г.) како и на Азиските игри минатиот август. 
Тие постојано во финалињата губеа од легионерите што настапуваат за катарската ракометна селекција, најтесно лани кога во финалната средба на Азиските игри во Џакарта, одигра нерешено во регуларните шеесет минути.
Бахреинската ракометната федерација воспостави континуитет кога е во прашање филозофијата на ракометната игра. По експериментите со европските и арапските тренери, на клупата на бахраинската репрезентација беше донесен Гудмундур Гудмундсон, во 2016 г. по Олимписките игри во Рио. 

Кусо траеше одисејата на овој стручњак, до крајот на азијскиот шампионат во Кореја, на кој што е изборен пласман за Светското првенство овој јануари. По заминувањето на Гудмундсон на неговото место е назначен уште еден стручнјак од Исланд - Арон Кристјансон. 

Со него на клупа бахреинскиот состав беше најблиску да слави на еден официјален натпревар против Катар. Со двајцата исландски тренери Бахреин има направено голем исчекор напред кога е во прашање модерен пристап на ракометната игра. 

Ракометарите на Бахреин сега во голема мера, следат план на игра на ракометните средби (поголем ниво на дисциплината во игра ) кој што пред нив ги поставува селекторот Кристјансон.
Репрезентацијата на Бахреин е составена од домашни ракометари кои настапуваат шампионатот на Бахреин како и во шампионатот на Саудијска Арабија.

Плејмејкерот Хусеин Алсајад е прво име  кога е во прашање играта во напад на бахреински состав. Од него зависи креативноста во игра како и индивидуаланата реализација кога е во прашање игра под притисокот - пасивна игра. 
Веднаш до него е универзален играч на бековската позиција Али Мерза Али, добар во игра еден на еден како и во шутот од девет метри. Солиден играч на лева крилна позиција, Алсамахиџи, представува трет играч на кој што треба да се обврне внимание.

Тоа што ги оптоварува во игра во позиционен напад е одсуство на леворак играч на позицијата десен бек и намалената можност за квалитетна  реализација од таа страна.

Бахреин, под влијание на исландските ракометни тренери, игра одбраната шест-нула со ретки исклучоци на играње на некоја модифицирана одбрана во ситуацијата кога е невозможна навремена измена напад-одбрана. Тон на таа одбрана даваат двајца централни играчи Абдулреда и Мадан. 

Индивидуалниот пристап на игра на овие двајца дефанзивци дава голема можност на противниците да го користат големиот простор позади нив, и да во игра со пивотот бргу доаѓат до лесна позиција за реализација.
На голот на репрезентацијата го имаат Али еден од најдобрите голмани во Азија.

Настапите на Бахреин на Азиските првенства и Светските првенства се како настапи на две различни селекции. На континенталните првенстава се мошне агресивни, им се толерира и повеќе од дозволеното, додека на планетарните првенства играат во границите на правилата на ракометната игра па поради тоа бележат слаби пласмани - 23-ти места на шампионатите во 2011 и 2017 г.

Од следното светско првенство очекуваат повеќе. Но дали тоа е реално?
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk