СП Анализа - Исланд: Не се тоа што беа, но...

Пишува: Ричи Ѓамовски

Исланд е веројатно најдобропознатата репрезентација, кога станува збор за нашите ракометари. Некако кармички се поврзани напата и исладнската репрезентација и има-нема, ете на дуел што решава за се или ништо. 

Порано тоа беа бараж дуелите, сега се среќаваме на првенства, а со оглед на тоа дека сме тука некаде на приближно исти ранг, овие дуели обично решаваат нечија судбина. Последен пат на големо натпреварување се сретнавме на мундијалот во Франција, одигравме нерешено, а му ја скроивме судбината на Тунис и го испративме во Президент Куп, патем му го верификувавме отказот на селекторот Хафет Зуаби. Потоа игравме и во квалификациите каде што имавме подобар скор од нив. 

Сега играме одново, во последното коло, а ракометната логика вели дека ако нема изненадувања, тогаш ова ќе биде битка за третото место и пласман во главната рунда. 

Исланд е променет и веројатно нема уште долго да се врати на некогашните висини. Нивниот систем останува исти. Имаат многу добро развиена и организирана школа за млади категории, што и не е чудно за држава од 300.000 жители каде што осум месеци е ден, а четири ноќ. И има скандинавска крв во жилите. 
Исланд произведува млади играчи, а кога ќе дојдат до граница на полнолетство, заминуваат во Скандинавија или Германија. И во репрезентацијата се враќаат како готови производи. 
Така го продадоа Арон Палрасон на Кил на 17 годишна возраст пред десетина години, така сега го продадоа новиот Палмарсон - Гисли Кристијансон на иста возраст, исто така во Кил.

Што е променето и зошто нема да ги видиме на истото ниво? 

Првенствено нивната одбрана. Своевремено имаа неколку брадести Викинзи од два метра и над 100 килограми агресија како Сигфус Сигфусон или Вигнир Сваварсон, играчи против кои беше навистина тешко да се игра кога се во одбрана. И како што во ракометот се вели, играчи што тепаат и знаат да играат одбрана. 
Го имаа виртуозот Олафур Стефансон, јасно Гудјон Валур Сигурдсон, потоа многу паметни играчи како Снори Гудјонсон, ги немаат ни Александер Петерсон, Роберт Гунарсон, Арнор Атласон... 

Сега нема такви викинзи качени на дракарот што оди за Минхен. 

Сега го имаат Арон Палмарсон играч што прави сите околу него да играат подобро. Тој се истакнува како единствена величина и суперстар и јасно ветеранот Гудјон Сигурдсон кој е како некој потсетник, споменик од минатото. 
Лево од Палмарсон е Олафур Гудмундсон шутер со лесна рака, десно е Рунар Карасон, играч што го пројде зенитот и од Бундес лигата тргна во спротивен правец кон дома. Попатна станица е Рибе Есбјерг во Данска. Десно крило е Стефан Сигурмансон кој годинава блеска во Пик Сегед и како пивот единствениот двометраш во оваа постава, Арнор Арнарсон. Бјоргвин Пал Густавсон, голманот на Скјерн е првиот избор на голот. Целта им е пласман на ОИ.
Го вратија назад Гудмундур Гудмундсон, селекторот со кој имаа успеси od 2001 do 2011. Дали ќе биде „подгрејана јуха“ или ќе ги крене одново...  

Нема да му биде лесно на овој македонски тим да се справи со Исланѓаните. Подобро се воиграни, но Норвешка ни покажа дека и со нив лесно се излегува на крај. Гледајќи ги вчера нашите играчи како тераат со седум на шест, ни се враќа и сликата од СП Франција, каде што со истата стратегија ги имавме во раце. Извадија реми. Но, од нив примивме најмногу голови на празна мрежа. 

Какви се шансите да ги победиме? Треба да им ја пресечеме транзицијата која е шематска, со рани фаули и да ги натераме да играат на поставена зона. Ќе ни треба перфектен ден. 


Aaron Rafn Eðvarðsson, HSV Hamburg 
Bjöggi Gústavsson, Skjern 
Gudjon Valur Sigurdsson, RN-Löwen 
Stefan Rafn Sigurmansson, Pick Szeged 
Aaron Pálmarsson, Barcelona 
Olaf Andrew Gudmundsson, Kristianstad 
Elvar Örn Jónsson, Selfoss 
Gisli Þorgeir Kristjánsson, THW Kiel 
Haukur Thrastarson Selfoss 
Janus Dadi Smarason, Aalborg Håndbold 
Arnar Birkir Hálfdánason, SönderjyskE 
Omar Inge Magnusson, Aalborg Håndbold 
Runar Kárason, Ribe Esbjerg 
Arnor Thor Gunnarsson, Bergische HC 
Sigvaldi Bjorn Gudjonsson, Elverum 
Arnar Freyr distraction, Kristianstad 
August Birgisson, FH 
Ýmir Örn Gislason Val
Daniel Thor Ingason, hawk 
Olaf Gustafsson, Kolding

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk