Веспрем со 200 навивачи доаѓа во Скопје

На 16 февруари, откако веќе ќе бидат стишани импресиите од Светското првенство, Вардар ќе го одигра првиот меч на домашен терен од продолжението на Лигата на шампионите. 
Гостин во Скопје ќе биде Веспрем, предводен од поранешниот вардаров тренер Давид Дејвис. 

Унгарскиот клуб денеска објави дека почнува со продажба на билети за гостувањето во Скопје. Унгарците имаат резервирано 200 билети за гостувањето во Скопје, а унгарските фанови ќе треба (само за билет) да одвојат по осум евра. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk