Раул: Кој ќе оди на СП? На последниот тренинг

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез, денеска изјави дека нема намера да го направи последното кратење на списокот, се до последниот момент.
Репрезентацијата има 20 ракометари на тренинг, на терен во Олимпијахале ќе има 16, на трибините во Минхен, еден или двајца? 

- Кога ќе биде познат конечниот список на ракометари?

„Тоа ќе биде по последниот тренинг. Треба да одиграме два натпревари со Србија, да видиме како ќе поминат тие. Се надеваме дека се ќе биде во ред, но може нешто да се случи. Ќе чекаме до крај, и на последниот тренинг ќе го соопштиме и конечниот список на играчи за Светското првенство“; изјави Раул Гонзалез. 


Македонија утре и во сабота ќе одигра два меча со Србија, единствените контролни пред патувањето за Минхен. Раул ќе има уште ден-два по овие натпревари за конечно да пресече. Нема да се изненадиме и ако финалното кратење биде нешто порано од последниот тренинг. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk