Исланд по втор пат го разби Бахреин

Репрезентациите на Исланд и Бахреин, противници на Македонија во прелиминарната рунда, го одиграа и вториот контролен натпревар во пресрет на мундијалот, а втор пат победи Исланд. 
Островјаните овој пат беа и комплетни, со Гудјон Валур Сигурдсон (8 гола) и Сигвалд Гудјонсон (7 гола) во составот. 

Бахреин беше рамноправен во првиот дел, а потоа во вториот Исланд влегол со поголема брзина, голманот Густавсон собрал седум одбрани и разликата од плус четири на полувреме стана плус 17 на крајот. 

ИСЛАНД - БАХРЕИН 36-19 (13-9)
Движење на резултатот: 1: 1, 3: 4, 7: 4, 10: 5, 13: 9 , 17:11, 25:14, 28:16, 32:18, 36:19 .
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk