Нема СП за Јагуриноски и Андоновски

Томи Јагуриноски и Ласко Андоновски се двајцата ракометари од кои селекторот Раул Гонзалез се откажа пред новогодишните празници. 

Сега на списокот има 20, а ќе треба да скрати уште четири за конечните 16 во Минхен. Тој список треба да биде објавен еден ден пред натпреварот, што значи дека на 10 јануари треба да се знае составот на Македонија за мечот со Јапонија. 
Во текот на првенството, дозволено е да е направат две замени. 

Изоставувањето на Томи Јагуриноски значи дека Мартин Серафимов добива шанса на големата сцена, за прв пат како директна замене за Кирил Лазаров. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk