Противникот на Македонија на СП, репрезентацијата на Хрватска го искристализира ликот на тимот со кој ќе настапи на СП.
Во пресрет на новогодишните празници, пред да почне финалната фаза на подготовки, Лино Червар отпиша уште четири ракометари.
Од игра испадна пикерот на Целје, Кристијан Беќири, а од Германија доаѓаат Крешимир Козина и Жељко Муса. Вториов е познат и како жесток дефназивец и во комбинација со Ален Блажевиќ, „џелатот“ од Пик Сегед ќе имаат опасно дефанзивно дуо.
Од списокот отпаднаа и десните бекови Иван Сршен и Јосип Векиќ, што значи дека на десната бековска позиција, Лино Червар ќе се потпира на Лука Степанчиќ и Јаков Вранковиќ.
Отпадна и крилото Иван Вида, што беше очекувано, Златко Хорват таму е неприкосновен, клупскиот другат Јосип Божиќ Павлетиќ ќе биде алтернативата.