Кои селектори ќе ги влечат конците на СП

Пишува: Ричи Ѓамовски

Светското првенство нуди една од ретките можности да погледнеме низ сите релевантни светски репрезентации одеднаш и да видиме каква политика воделе федерациите. Посебно важно е да се погледне на нивните клупи не само во моментов, туку и малку поназад во времето, како се развивале екипите и кои биле тренерите задолжени за создавање на играта што ќе ја гледаме на мундијалот. 

G-sport.mk ви подготви преглед на селекторските позиции на сите 24 репрезентации што ќе играат на Светското првенство, со тоа што погледнавме и малку назад низ годините, како се менувале. 


ГРУПА „А“
Франција 
– Дидие Динар го замени Клод Онеста по ОИ Рио. Онеста ја водеше Франција 15 години. 
Бразил – Вашингтон Силва стана селектор по ОИ Рио. Дојде на местото на Жорди Рибера.
Русија – Димитри Торгованов беше сменет по неуспехот во квалификациите за ЕП 2018. Нов селектор стана Едуард Кокшаров.
Србија - По ЕП Хрватска, заменет беше Јовица Цветковиќ. Љубомир Обрадовиќ беше привремено назначен, а во септември 2018 беше назначен Ненад Перуничиќ. 
Германија – Кристијан Прокоп дојде на местото на Дагур Сигурдсон по СП Франција 2017.
Кореја - Јун Шин Чо е селектор на Кореја, а ќе му помага еден од најпознатите корејски ракометари Вон Чу Пек


Едуард Кокшаров (Русија)


ГРУПА „Б“
Бахреин – Од клупата си стана Салах Бучкерои, а седна  Гудмундур Гудмундсон. Но, кратко траеше таа авантура, Гудмунсон замина во февруари 2018, а во април за нов селектор беше назначен Арон Кристијансон. 
Македонија – Раул Гонзалез дојде на местото на Лино Червар во април 2017.
Шпанија – Жорди Рибера стана селектор по неуспешниот обид да се пласираат на ОИ Рио. Дојде од клупата на Бразил.
Хрватска – Замина Жељко Бабиќ, а дојде Лино Червар, во март 2017. 
Јапонија – Дагур Сигурдсон ја презема Јапонија од Антонио Ортега по мундијалот во Франција.
Исланд – Геир Свеинсон дојде на почетокот на квалификациите за ЕП Хрватска 2018 на местото на Арон Кристијансон. По неуспехот на ЕП Хрватска - Гудмундур Гудмундсон дојде од Барехин и го замени Геир Свеинсон.


Арон Кристијансон (Бахреин)

ГРУПА „Ц“

Данска -  Николај Јакобсен дојде на местото на Гудмундур Гудмундсон во март 2017.
С. Арабија – Ненад Кљаиќ кој дојде во 2016,во октомври 2018 беше заменет со Борис Дениќ. 
Тунис – Хафет Зуаби е сменет по неуспехот на СП Франција. По него селектор стана Тони Херона од Шпанија.
Норвешка – Кристијан Берге е селектор. Таму е од 2014 година и потпиша нов договор до 2025.
Чиле – Матео Гаралда останува селектор. Тој ја извршува оваа функција од 2015.
Австрија - Патрекур Јоханесон од Исланд е селектор на Австрија од 2011 година. Пред него од 2008-2010 селектор беше Дагур Сигурдсон. 


Кристијан Берге (Норвешка)

ГРУПА „Д“

Ангола – Александре Диого Мачадо ја водеше на СП Франција 2017. По него, старо-нов селектор е Фелипе Круз кој беше прекомандуван во женската репрезентација за ОИ Рио.
Аргентина – Замина Едуардо Гаљардо, нов селектор стана Маноло Каденас. Каденас заминува во СП Германија и Данска без оглед на резултатот и продолжува како тренер на Мешков Брест. 
Египет  - Марван Рагаб по пет години на кормилото беше заменет во март 2018. Нов селектор стана Дејвид Дејвис. 
Катар – Валеро Ривера останува селектор,  беше назначен во 2013
Шведска – Кристијан Андресон стана привремен селектор во 2016, но доби продолжување на договорот. 
Унгарија – Љубомир Врањеш  ја презема од Хавиер Сабате селекторската палка во јули 2017. Врањеш беше заменет во октомври 2018. Привремено со Иштван Чокнаи. Владан Матиќ во ноември 2018 го комплетираше дуото со Иштван Чокнаи. 


Кристијан Андресон (Шведска)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk