Русија не може без Вардарците

Селекторот на репрезентацијата на Русија, Едуард Кокшаров, го скрати списокот на играчи за настап на СП Германија и Данска. 
Меѓу 21 ракометари што ќе се подготовуваат за настап на мундијалот се сите Руси што играат во Вардар. А тоа се Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Димитри Кисељов и Данил Шишкарев. 
Во составот на Русија е и еден екс Вардарец - Александар Деревен и еден екс играч на Металург - Павел Атман. 

Голмани — Дмитрии Павленко (Чеховские Медведи), Виктор Киреев (Мотор, Украина), Олег Грамс (Данкерк, Франција);
Леви крила — Роман Осташенко (Чеховские Медведи), Сергеј Николаенков (СКИФ), Тимур Дибиров (Вардар, Македонија);
Десни крила — Дмитриј Ковалев (Спартак), Алексеј Фокин (Каустик), Данил Шишкарев (Вардар, Македонија);
Леви бекови — Сергей Марк Косоротов (Чеховские Медведи), Александр Деревен (Спартак), Виталиј Комогоров (Динамо, Романија), Александр Шкуринскиј (Мешков Брест, Белорусија);
Десен бек —Дмитриј Кисељов (Вардар, Македонија)
Плејмејкери — Кирил Котов (Чеховские Медведи), Дмитриј Житњиков (Пик, Унгарија), Павел Атман (Хановер, Германија)
Пикери — Максим Михалин (СКИФ), Егор Евдокимов (Спартак,), Глеб Калараш (Вардар, Македонија), Сергейј Горпишин (Ерланген, Германија).
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk