Нов договор за Душебаев во Келце

Некогаш беше миленик на вадаровата публика, сега веќе не е. Сеедно, печатот што Алекс Душебаев го стави во Вардар е неизбришлив. Во Скопје се калеше, грешеше и учеше, делумно се оддолжи со победа во ЛШ. Вистинските плодови, како и да е, ќе си собира неговиот татко, Талант Душебаев, тренерот на Келце.

Договорот на Алекс Душебаев со Келце истекуваше во 2020, но клубот денеска се договори со Шпанецот за продолжување на соработката до 2022 година. Со тоа малку ги смири своите фанови откако беше објавено дека Владимир Цупара, голманот си заминува на лето, во Веспрем. 

Тој е првиот што го продолжи договорот, пишува SportoweFakty наскоро нови договори би требало да потпишат и Матеуш Јахлевски, Криштоф Лијевски и Блаж Јанц. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk