BIRD BOX (2018)

Држава: САД
Жанр: Драма, СФ
Времетраење: 2ч. 04мин. 
ИМДБ: 6.8
Режија: Susanne Bier
Сценарио: Eric Heisserer, Josh Malerman
Улоги: Sandra Bullock, Trevante Rhodes, John Malkovich 

По „A Quiet place“ во кој мистериозни чудовишта ги убиваа сите што ќе направар гласен звук и кој и за некое чудо беше интересен и гледлив филм, го добиваме и  Bird Box во кој единствениот начин да се остане жив е да не се гледа надвор, директно, затоа што веднаш следи зараза и нагон за самоубиство. 

Не звучи оваа приказна многу примамливо, но одново за чудо, филмот е гледлив, иако и критичарите не можат да се договорат дали исполнува минимум критериуми за да влезе во жанр сф-хорор. 

За да биде филмот гледлив се погрижија две врвни имиња, Сандра Булок и Џон Малкович. Филмот има  доста елементи од филмовите снимани според делата на Стивен Кинг.
Сандра Булок и две деца мораат со превез преку очи да пловат над 30 часа во чамец за да стигнат до безбедна дестинација. Во текот на два часа колку што трае филмот ќе биде раскажана и приказната како се распаднал светот што го познаваме.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk